Тимот на Вардар не успеа во финалето од Купот на Македонија против поискусниот состав на Куманово и мораше да се задоволи со пласманот во главниот дуел во кој беше поразе со 18:26.
Вардарки во добар дел од средбата беа рамноправен ривал, но не издржаа до крајот.
„Во поголемиот дел од средбата се боревме и покажавме добра игра. Мислевме дека ќе можеме да се одржиме до крајот, но во завршницата екипата на Куманово успеа да направи поголема предност и не успеавме да следиме“, коментираше после натпреварот ракометарката на Вардар, Сара Стефановска.
Искуството беше на страната на ракометарките на Куманово и тоа дојде и до израз на теренот.
„Повеќето од нас во екипата на Вардар сме помлади за разлика од Куманово. Секако во еден ваков натпревар пресуди и искуството. Сепак, ова не треба да ни биде проблем туку мораме уште посилно и помотивирано да продолжиме со работа“, рече Стефановска.
Вардар е на 2. место и во првенството и со убава шанса да финишира на оваа позиција со огле на тоа што Куманово има три бода предност и натпревар помалку.