Иако имаше понуда да води тим од Лигата на шампионите, Словенецот Урош Зорман реши да остане во Тримо Требње.
Тој најави дека сака да биде поблиску до семејството во Словенија, а Мешков Брест вчера го промовираше новиот тренер, па таа приказна е завршена.
Зорман ќе продолжи да работи во Тримо, а според полскиот „Спортове Факти“, планира да донесе и две засилувања од Келце. Тимот од Требње игра солидна сезона, заедно со Целје и Горење е во врвот, но му фали уште подолг ростер за да може да се крене едно ниво погоре.
Двајцата играчи што на лето треба да се преселат од Келце во Тримо Требње на позајмица и да собираат минутажа се голманот Милош Валах, кој одигра неколку средби во ЛШ, и средниот бек Виктор Томчак.