Најголемиот шведски талент, Ерик Јохансон, во следните две сезони ќе настапува во норвешкиот шампионат.
20-годишниот лев бек на шведската екипа Ескилстуна Гуиф, иако најавуваше дека ќе остане најмалку уште една сезона дома, сепак се реши за нов предизвик.
ТВ2 пишува дека Јохансон ги одбил понудите на Вардар и Кил, и на крајот се решил за норвешкиот првак Елверум.
Јохансон, кој има одлични физички предиспозиции, 197/98, е меѓу најдобрите стрелци во шведскиот шампионат оваа сезона.
Швеѓаните кои требаше да дојдат во Вардар остануваат дома, тренерот Рогановиќ објасни зошто