Ракометарите на Нант имаа лесна задача на гостувањето кај Трембле во 16. коло од француската лига и забележаа убедлив триумф со 22:35 против последно пласираниот тим на табелата.
Селекторот и капитен на македонската репрезентација во дресот на Нант, Кире Лазаров за времето поминато на терен имаше две реализации од игра без промашување.
Трембле добро го започна натпреварот и отвори со 3:1, се играше изедначено десетина минути а потоа гостинскиот тим ја презема контролата на натпреварот. До полувремето Нант обезбеди предност од 12:19.
Високата предност од првиот дел беше доволна за конечен триумф. Во продолжението екипата на Лазаров рутински го водеше мечот кон крај и без многу проблеми стигна до триумф со двоцифрена разлика. Нант со оваа победа се зацврсти на третата позиција зад ПСЖ и Монпелје.