Ракометната асоцијација на Американска Самоа го организираше првото национално првенство во ракомет во земјата. Несекојдневно е што сите натпревари се играат на тревната површина.
Натпреварите се играат во турнирски систем кој е поделен во три турнири. Првиот се одржа викендот на 17 и 18 април, вториот е закажан за 29 и 30 мај, а првенството ќе заврши на 1 јуни.
Интересно е што сите три турнири завршуваат на националните празници, Денот на знамето, Денот на споменот и Денот на независноста. Четири екипи главно составени од млади играчи до 17 години го започнаа првиот шампионат во егзотичната островска земјата.
Правилата за уличен ракомет во Американска Самоа се модифицирани и предвидуваат отсуство на физички контакт и дриблинг, максумум три чекори со топката во рака, а исто така и голманите учествуваат во нападите.