Прекин на плеј-офот во Норвешка, познати се патниците во европските купови

Норвешката ракометна федерација го откажа плеј-оф натпреварувањето во машка и женска конкуренција поради строгите протоколи за играње на натпревари во време на ковид-19.

Во машка конкуренција нема да се игра финален натпревар и екипата на Елверум е прогласена за шампион врз основа на резултатите од регуларниот дел. Елверум и Арендал добија билети за европска сцена и ќе настапуваат во Европската лига.

Елверум има можност да аплицира и за вајлд-карта за учество во Лигата на шампионите. Екипите на Драмен и Нербе обезбедија учество во ЕХФ Купот.

Кај дамите, шампионот на Норвешка ќе биде одреден преку натпревар помеѓу фаворитот за титулата, Вајперс Кристијансад и екипата на Сторхамар. Вајперс Кристијсансад се наоѓа на првото место на табелата, додека Сторхамар е на второто место.

Врз основа на резултатите на претходната и оваа сезона, Вајперс Кристијсансад повторно ќе биде претставник од Норвешка во Лигата на шампионите следната сезона. Сторхамар, Сола и Тертнес ќе учествуваат во Лигата на Европа.