Миленков броеше до 14, Борец обезбеди важен триумф во Гевгелија

Ракометарите на Борец беа подобри од Партизан во Гевгелија со 32:28 во рамките од 7. коло од плеј-аутот групата во Првата машка лига.

Борец имаше фуриозен старт во првото полувреме и водство од 7:2. Ракометарите на Партизан никако не можеа да фатат приклучок и заостануваа седум гола разлика, 6:13.

Ракометарот на Борец, Миленков имаше своја голеада и ја зголемуваше постојано разликата во корист за неговата екипа. Ништо не се промени ниту во преостанатиот дел од првото полувреме кое заврши со предност од 19:12 за Борец.

Работите во второто полувреме се сменија во корист за екипата на Партизан. Следуваше серија од 4:0 на домаќините и приближување на само три негатива, 17:20.

Лошата игра на ракометарите од Борец продолжи до 45. минута, а во преостанатиот дел не дозволија противникот целосно да се врати во игра иако на момент Партизан намали и на само два гола разлика. Домашната екипа како да крена раце во последните десетина минути и немаше доволно сили, но и време за пресврт.

Најдобри во составот на Борец беа Кирил Миленков со 14 и Кире Мачевалов со пет гола. Во составот на Партизан солидна партија имаше Тодор Узунчев со 11 гола.