Тимот на Радовиш ја оствари третата победа по ред во суперлигашкиот плеј-аут. По Јуниор КВ и КЛ7, избраниците на Андон Бошковски триумфираа убедливо на гостувањето во Струмица кај Астраион со 24-39.
По почетните 3-4 по десетина минути игра, радовишани со серија од шест голови се одлепија на високи плус седум, 3-10 и веќе беше јасно во каков правец ќе се движи натпреварот. Дo крајот полувремето гостите уште повеќе ја зголемија разликата и беше 10-22.
Второто полувреме беше искористено шанса да добијат повеќето ракометари од клупата, а околу конечниот резултати немаше никакви дилеми. Радовиш само рутински ја одржа стекнатата предност во првиот дел за конечни 24-39.
Во следното коло струмичани ќе гостуваат кај составот на Младост Богданци, додека Радовиш ќе биде на сериозен испит и на домашен терен ќе го пречека тимот на Работнички.