Ракометарите на КЛ7 остварија сигурна и важна победа во дербито од плеј аутот против екипата на Работнички, a дојдоа до триумф со 27:23.
Уште од почетокот домашниот тим најави дека е решен да стигне до бодовите на овој дуел откако отвори со 4:1 и во продолжение успеваше да го одржува ова водство. До полувремето ракометарите на КЛ 7 успеаја да ја зголемат предноста и на пауза водеа 13:8.
На почетокот на второто полувреме Работнички се закани и се доближи на минус еден, 14:13, но гостите немаа сили за целосен пресврт. Многу брзо КЛ7 повторно ја врати позитивата која ја имаше во најголемиот дел од натпреварот и сигурно ја сочува до крај за нови бодови.
Марко Стојковиќ од КЛ7 и Давид Саревски од Работнички не го дочекаа крајот на натпреварот заради три исклучувања. Најефикасен во тимот на КЛ7 беше Игор Ѓоргиев со десет погодоци, а во тимот на Работнички прв стрелец беше Стефан Крстевски со девет гола.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА