„Мечките“ го шокираа Ним

Екипите на Чеховски медведи и Ним ги отворија осминафиналните натпревари од Лига на Европа. Ракометарите на Чеховски медведи беа подобри во денешниот дуел и славеа победа со резултат 30:25 во натпревар со многу промени.

Првото полувреме донесе квалитетна борба на теренот, а најчесто екипата од Франција беше во позитива од еден до два гола разлика. При негатива од 1:4, домашната екипа успеа да се врати во игра, го изедначи резултатот и го оствари своето прво водство од 5:4 преку Котов. Падот на играта во составот на Ним траеше околу седум минути и во преостанатиот дел од првото полувреме грешките ги намалија на минимум. Првото полувреме заврши со два позитива за екипата на Ним, 15:13.

Во второто полувреме ракометарите на Ним влегоа во лоша серија и дозволија домаќинот целосно да се врати во игра. Преку Котов кој беше незадржлив во нападот и неколку интервенции на голманот, Чеховски медведи имаше три гола разлика , 24:21, во 45. минута. До крајот на натпреварот домашната екипа успеа да го одржи стекнатото водство и да патува со пет гола разлика на реванш средбата.

Најефикасен во составот на Чеховски медведи беше Александар Котов со девет гола. Во поразената екипа се истакна Мишел Гигу со осум гола.

Реванш средбата е закажана идниот вторник во Ним со почеток од 20:45 часот.