Дамите одново на сцена, денеска почнува пролетниот дел од Супер женската лига

Откако минатиот викенд ги одиграа средбите од Купот на Македонија денеска ракометарките кои се дел од 13-те екипи од Супер женската лига  ќе го стартуваат пролетниот дел од сезоната.

На програмата се натпреварите од 14. коло и дефинитивно ова ќе биде доста интересен ден на кој ќе може да се види ракомет кој ќе покаже дали екипите кои се на првите 4-5 места и понатаму се во истата форма и дали продолжуваат со битката за позициите кои водат во Европа.

Комплетното коло се игра денеска така што на програмата се шест дуели.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 14. КОЛО

САБОТА, 13 МАРТ

13:00ч

ШАМПИОН – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ

Сача: М. А. Ченто во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

14:45ч

КУЗМАН ВАРДАР – ЧАИР

Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Драган Јовановски од Штип и Иван Јованов од Радовиш. Делегат: Живко Андонов од Радовиш.

15:00ч

ВАРДАР – СТРУЖАНКА

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Гордана Ѓорѓеска од Гостивар.

16:00ч

КУМАНОВО – СПАРТАК

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски од Скопје. Делегат: Александар Атанасовски од Куманово.

МЕТАЛУРГ – ПЕЛИСТЕР 2012

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

17:00ч

ДЕСПИНА – ГЕВГЕЛИЈА

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК е слободно

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080