ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.

Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Според Вас кој е најкорисниот ракометар на 1. коло во машка Супер лига?

Никола Потиќ -десен бек- Пролет
55.97%
Јосип Периќ -среден бек- Еурофарм П.
13.64%
Бојан Блажески -голман- РК Бутел
9.88%
Игор Ѓорѓиев -лев бек- ГА КЛ7
7.82%
Гоце Георгиевски -десно крило- Вардар
7.23%
Пеце Ѓорѓиески -пивот- Тиквеш
3.76%
Димитар Димитриоски -лево крило- Вардар
1.70%

Резултати, плеј-оф/плеј-аут, 1 коло:

Еурофарм Пелистер – Струга 28-18 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 34-30 (ИЗВЕШТАЈ)
Бутел – Охрид 26-22 (ИЗВЕШТАЈ)
Пролет – Металург 29-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Работнички – Радовиш 25-23 (ИЗВЕШТАЈ)
Јуниор Кисела Вода – Тиквеш 18-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Астраион – Младост Богданци 24-30 (ИЗВЕШТАЈ)
Прилеп – Голден Арт КЛ7 31 -33 (ИЗВЕШТАЈ)

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО

ГОЛМАН: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – Чуварот на мрежата беше еден од најзаслужните поединци што Бутел ја прекина победничката серија на охриѓани во суперлигашкото друштво.

ЛЕВО КРИЛО: Димитар Димитриоски (Вардар) – Левото крило на „црвено-црните“ одигра одличен натпревар против вториот тим на битолчани и со осум погодоци беше меѓу најдобрите стрелци на теренот.

ЛЕВ БЕК: Игор Ѓорѓиев (Голден Арт КЛ7) – Новиот сениорски репрезентативец беше тој што го поведе неговиот тим до голем пресврт и триумф кај незгодниот состав на Прилеп во разигрувањето за опстанок.

СРЕДЕН БЕК: Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер) – Босанскиот репрезентативец ја продолжи низата одлични меѓународни настапи и на домашна сцена. Тој постигна десет гола на дуелот со Струга.

ДЕСЕН БЕК: Никола Потиќ (Пролет) – Српскиот интернационалец не се наигра во Металург во есенскиот дел од сезоната, но затоа беше меѓу најзаслужните за триумфот на Пролет над тимот од Автокоманда.

ДЕСНО КРИЛО: Гоце Георгиевски (Вардар) – Македонскиот репрезентативец беше прв стрелец во триумфот на Вардар над вториот битолски тим со 11 погодоци и покажа дека е во одлична форма пред двомечот со Данска.

ПИВОТ: Пеце Ѓорѓиески (Тиквеш) – Искусниот кружен напаѓач игра во се подобра форма во дресот на кавадаречкиот тим. Заедно со Симиќ и Стојаноски беа меѓу најзаслужните за победата на гости во Кисела Вода.