Астраион немаше сили, Младост ги однесе трите бода од Струмица

Ракометарите на Младост Богданци си заминаа со трите бода од гостувањето во Струмица откако денеска одиграа подобро од својот ривал и дојдоа до победа од 30:24.

Тимот од Богданци беше подобриот ривал во поголемиот дел од средбата, но наиде на цврст противник кој иако е со многу подмладен состав во однос на стартот на сезоната даде силен отпор. Од почетокот на средбата имаше надигрување при шпто Астраион се држеше.

Сепак, после 6:6 на средина од првото полувреме дојде до пад во играта и противникот многу лесно стигна до 12:7 и тука стави до знаење дека домашните тешко ќе можат до подобар резултат.

И во таква игра на полувреме беше само три гола за Младост, 15:12, а потоа во вториот дел продолжи контролата.

Иако Астраион се одржуваше на пристојна негатива, сепак, беше јасно дека на оваа средба тешко ќе може составот од Струмица да дојде до подобар резултат. Гостите имаа контрола до крај и успеаја во последните минути и да зголемат за победа од 30:24 со што на најдобар можен начин тргнаа во плеј-аут битката за опстанок во Супер лигата.

6 март 2021
24 - 30
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
6 март 2021 19:57 ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА 2020/2021 06.03.2021 60'

Место

Спортска сала „Парк“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
АСТРАИОН1224Пораз
МЛАДОСТ 19771530Победа

АСТРАИОН

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Мартин Перовановиќголман00
5Васко Наковдесен бек07
6Миливој Котевски-00
7Димитар Бонев-00
9Филип Кавазовцентрален бек02
11Јордан Рингов-00
12Александар Гоџировголман00
14Дарко Катранџиевлево крило00
17Ѓорѓи Касаповдесно крило03
18Марко Стојанов-00
27Мартин Ристов-00
69Славе Јанковскилево крило17
77Христијан Ефтимовцентрален бек35
99Ристо Манчев-00
 Вкупно 424

МЛАДОСТ 1977

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Ристе Пешковголман00
3Саша Михајловиќцентрален бек00
4Димитар Пеевлево крило00
9Стојан Наумовскилев бек00
12Горан Паунковголман00
13Никола Роглевдесен бек02
14Мите Караивановлев бек010
18Александар Лупашколев бек04
19Митко Стоиловлев бек00
20Душан Каркалашевцентрален бек01
22Никита Лошчаковлев бек21
24Дејан Томиќлев бек20
25Илија Чрчев-00
27Руслан Хончаровпивот06
32Никола Димитровдесно крило04
7Илија Диновлево крило02
 Вкупно 430

Officials

Судии:Делегат:
АНДОНОВ ВИКТОР
ЈОВАНОВСКИ СТОЈАНЧО
ЧАВДАРОВ ВАСИЛ