Ончев и Ќосевски го водеа Работнички до злато вреден триумф над засилениот Радовиш

Ракометарите на Работнички остварија злато вредна победа на стартот од разигрувањето за опстанок над засилениот Радовиш со 25-23. Иако донесоа тројца интернационалци во своите редови, сепак тоа не беше доволно и домашните предводени од голманот Гогов стигнаа до триумф.

Гостите отворија со предност од 0-2, беше и 2-4, но младите домашни ракометари направија пресврт со серија од пет погодоци за 7-5. Но потоа радовишани погодија четири пати по ред по одбраните на Паунов, и ја вратија предноста на своја страна, 7-9. Во продолжение се играше гол за гол, двете екипи се менуваа во водството од еден гол разлика, но на пауза се замина со реми, 13-13.

Во вториот дел продолжи истата игра гол за гол до 19-19 и тука се случи клучниот момент на натпреварот. Голманот на Работнички, Гогов одбрани неколку удари, неговиот тим се одлепи на 22-19, а потоа и 24-20 и немаа гостите сили да се вратат во игра за бодови на овој дуел.

Се обидоа и со пресинг игра во последните моменти, но немаше време за нешто повеќе, па натпреварот заврши со победа за избраниците на Стојан Петрушевски, 25-23. Најдобри стрелци кај победникот беа Ончев и Ќосевски со по седум гола, а кај Радовиш се истакнаа Илиев и Долдуров со по пет погодоци.

7 март 2021
25 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
7 март 2021 15:10 ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА 2020/2021 07.03.2020 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РАБОТНИЧКИ1325Победа
РАДОВИШ1323Пораз

РАБОТНИЧКИ

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Стефан Чакалиќлево крило00
7Ален Ќосевскидесно крило07
9Дамјан Јакимовскидесно крило00
10Давид Димескилев бек00
19Кристијан Анѓелковскипивот00
20Антонио Николовскилев бек10
21Давид Савревскидесно крило01
23Тoше Ончевцентрален бек17
28Петар Виларовголман00
33Стефан Крстевскицентрален бек06
77Ѓорѓи Дукадесен бек00
99Васил Гоговголман00
8Давид Гашовскипивот00
22Лука Вујовиќпивот01
31Виктор Крстевскилево крило12
66Вадим Виричлев бек01
 Вкупно 325

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
Славе Јовановскицентрален бек00
1Славјан Пауновголман00
3Зоран Стојановскилево крило02
4Александар Марковлев бек01
6Ристе Чаповцентрален бек00
7Александар Долдуровлево крило15
9Спасе Ѓоргиевдесно крило01
10Здравко Постоловцентрален бек02
14Јован Ѓоргиевлев бек00
18Ангелче Органџиевлев бек12
23Кристијан Ристовлево крило02
24Мартин Трајковскиголман00
72Ивица Илиевцентрален бек05
12Али Кобеисипивот00
77Милош Лојаничиќдесен бек13
88Петар Ачимовиќлев бек00
 Вкупно 323

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
САЗДОВСКИ ВЛАДИМИР