Пролет го победи и го надигра Металург

Ракометарите на Пролет направија изненадување во првото коло од суперлигашкиот плеј-оф и го совладаа составот на Металург со 29-26. По првиот дел избраниците на Никола Матлиески водеа со плус четири, 16-12, во вториот дел имаа и плус осум, а во финишот одиграа искусно и не му дозволија на ривалот да направи камбек.

Металурзите водеа само на стартот со голот на Серафимов, а потоа скоро сите случувања на теренот беа во знакот на домашните ракометари. Направија пресврт и поведоа со 3-1, беше и 10-6, а стигнаа и до највисоки плус пет, 12-7.

Сепак неколкуте грешки на Пролет беа казнети и Металург се доближи на само минус еден, 12-11. Во финишот на полувремето падна концентрацијата кај гостите од Автокоманда и домашните се одлепија на солидни четири гола разлика, 16-12.

пролет- металург

Стартот на вториот дел најави катастрофа за металурзи, откако Пролет поведе со 20-12, а избраниците на Оливер Димитриоски првиот погодок во вториот дел го постигнаа по седум минути игра.

Гостите спеаја да ја преполоват негативата, 21-17, а во продолжение за играше гол за гол, се до 55. минута, кога Шилегов го совлада Ангелов за 26-23. Палевски и Пецаковски погодуваа во финишот и не дозволија Металург да помисли на комплетен камбек, па мечот заврши со 29-26.

5 март 2021
29 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
5 март 2021 19:33 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 05.03.2021 60'

Место

УС „Македонско Сонце“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРОЛЕТ1629Победа
МЕТАЛУРГ1226Пораз

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Кристијан Кристоголман00
3Филип Василевскипивот00
4Михаил Аларовпивот03
7Кристијан Давитковскидесен бек00
13Мартин Димовдесно крило03
15Ласко Андоновскицентрален бек07
16Јане Цветковскиголман00
18Иван Џоновлев бек00
19Доне Мајновдесен бек00
20Виктор Дамчевскилево крило00
22Александар Василевскилев бек00
26Петар Ангеловголман00
55Никола Потиќдесен бек05
71Давор Палевскилево крило02
99Жарко Пејовиќцентрален бек04
8Дејан Пецаковскилев бек15
 Вкупно 129

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Александар Петковскидесен бек00
6Милан Поповиќлево крило03
7Дарио Кофилоскилево крило00
10Даниел Дупјачанецголман00
11Мице Шилеговдесно крило02
13Златко Хорватдесно крило04
15Василије Калуѓеровиќлев бек110
17Мартин Серафимовдесен бек02
19Милан Лазаревскипивот01
20Даниел Ѓорѓескиголман00
26Марко Тарабокијацентрален бек12
28Андреј Митиќпивот10
42Момир Рниќлев бек00
44Стефан Додиќцентрален бек02
 Вкупно 326

Officials

Судии:Делегат:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
НИКОЛОВСКИ АЦО