Ракометарките на Вардар го затворија списокот на учесници на завршниот турнир од Купот на Македонија откако ја совладаа Стружанка со 27:19.
Од почетокот на средбата се виде дека составот на Вардар ќе нема поголеми проблеми за да дојде до победата. Наметна свое темпо и успеа да стигне до предност од 3:0. Овие три гола беа и повеќе од доволни за да се стигне до 13:10 на полувреме.
Во вториот дел дојде до израз квалитетот на двата состави и дефинитивно се виде дека вардарки се поквалитетни. Стигнаа без проблеми до победа од 27:19 со што го комплетираа списокот на учесници на Ф4 турнирот.
Покрај Вардар, место обезбедија и Куманово, Чаир и Металург.
ВАРДАР – СТРУЖАНКА 27:19 (13:10)
Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.
ВАРДАР: Груовска, Трајковска, Попова, Ѓеоргиевска, Стефаноска 3, Џатевска 4, Лазаровска, Трпевска 6, Костовиќ 3, Диневска 4, Миновска 2, Галевска 3, Стојановска, Стаменкова, Коцева, Дамјановска 2.
Седмерци: 1/2, Исклучувања: 8 мин.
СТРУЖАНКА: Ристоска, Митоска, Јовичинац, Голабоска, Дукоска 5, Переска 1, Б. Затуроска, Јоноска, И. Затуроска 1, Ѓоршулеска, Јусуфи, Петреска 2, Делиоска 8, Маркоска
Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.