И играчки и административно, и тренерски Билјана Црвенкоска беше дел од ЖРК и РК Вардар кои функционираа под „капата“ на Сергеј Самсоненко. Како најсестраниот човек во клубот која е разликата меѓу машката и женската екипа. Што е она што мажите го имаа, а жените не, за да дојдат до шампионска титула во Европа?
„Тимски дух, дефинитивно! Тој се гради во соблекувалната меѓутоа не е само тоа ние да излеземе и да пиеме кафе 20 ракометарки, туку да излеземе и да се бориме една за друга на натпревар. Жените го немаа тоа, без разлика колку и да делуваше дека го имаат. Јас бев дел од таа екипа со 90 посто од ракометарките, но ја немаше таа атмосфера, иако од страна можеби делуваше поинаку. За разлика од нив, мажите може не пиеја кафе заедно, но кога ќе излезеа на терен знаеја дека еден за друг гинат и дека сè ќе направат за да му помогнат на другиот на терен, кај жените не. Можеби и ние како жени сме такви, секогаш бараме виновник во другиот, меѓутоа таа беше единствената разлика, условите беа исти и за едните и за другите.“
Подолу прочитајте го интервјуто со Црвенкоска…
ИНТЕРВЈУ БИЛЈАНА ЦРВЕНКОСКА: Велам ДА на секој предизвик и тоа ме донесе до А-тимот