Раде Стојановиќ и неговиот Охрид имаа одличен регуларен дел од сезоната во Суперлигата и скор од 12 победи во 12 натпревари, па како непоразени го чекаат почетокот на плеј-офот.
Тренерот на Охрид верува дека не очекува интересна и неизвесна завршница во првенството, можеби и најсилна на поранешните ЈУ-простори.
„Мислам дека околностите ни го дозволија тоа. Во Охрид на двапати имаше бран на коронавирус во клубот, но имавме само по четири-пет играчи, не ја зафати целосно екипата и останатите беа во тренажен процес. Ја искористивме таа можност и испишавме една историја во Охрид. И претходно клубот покажал дека е стабилен суперлигаш, кој го заслужува местото каде што сме сега и ќе се обидеме да направиме чекор напред. И претходната сезона и оваа целта на Охрид е пласман во еден од европските купови, само што сезонава верувам дека ќе имаме и потежок пат. Плеј-офот сигурен сум дека ќе биде еден од најсилните во последниве години, ако не и најсилен на поранешните ју-простори, со интересна завршница и неизвесен до крај.“
Во продолжението погледнето го интервјуто со Раде Стојановиќ.
ИНТЕРВЈУ РАДОСЛАВ СТОЈАНОВИЌ: Металург не ми веруваше – Охрид ми даде шанса и не згрешив!