Во 2019 година РФМ започна со селекција на генерацијата 2004/2005, а Раде Стојановиќ беше поставен за селектор на оваа пионерска репрезентација, со која имаше и една мини-акција.
Раде верува дека и покрај промената на селекторската позиција Кирил Лазаров го наследи Данило Брестовац, дека тој ќе продолжи со работа со пионерите.
„Мислам дека се уште сум селектор на пионерската репрезентација. Немам најава за смена, а и не гледам причина зошто би бил сменет. Вложивме многу труд во година дена за да се направи базата на селекцијата од генерацијата 2004/2005. Многу кус период бевме заедно, имавме само една кратка акција – двомеч со Романија. Селекцијата и дополнително треба да се прошири, затоа што сигурно не се опфатени сите деца. Од Федерацијата ми побараа план за што и како понатаму и сега ќе чекаме насоки од новиот селектор. Со новиот селектор сум немам контакт, но знам дека бил во контакт со играчите, зборувам конкретно за Охрид и ме радува што следи како се работи. Охрид имаше двајца репрезентативци на СП, сега има двајца на поширок список и неговиот интерес е добар знак и сигнал за сите нас кои работиме во клубовите.“
Подолу може да го погледнете целосното викенд интервју со Стојановиќ…
ИНТЕРВЈУ РАДОСЛАВ СТОЈАНОВИЌ: Металург не ми веруваше – Охрид ми даде шанса и не згрешив!