Последните успеси на клубот Алборг и случувањата на трансфер пазарот предизвикаа вистинска ракометна треска во Данска. Клубот кој ќе го има Микел Хансен во своите редови предизвика вистински бум во земјата.
Последните трансфери кои ги направи клубот сигурно влијаат на продажбата на билетите за идните натпревари. Алборг ги пушти во продажба сезонските билети за идната сезона и постави нов рекорд за времето за кое беа продадени.
Откако беа пуштени во продажаба сезонските билети, сите беа распордадени за 48 часа што е апсолутен рекорд во Данска. Како што сотојат работите овие потези на Алборг се вистински за уште поголема популаризација на ракометот во Данска.
И покра тоа што најавените засилувања пристигнуваат од сезоната 2022/23 сепак љубителите на раометот во Данска и поддржувачи на Алборг си обезбедија место за натпреварите на својот омилен тим во салата. На ова сигурно големо влијание имаат и успесите на тимот кој ги постигнува во Лигата на шампионите.