Покрај мечот помеѓу Металург и Чеховски Медведи, вечерва се одигра уште еден натпревар во Лигата на Европа. Екипата на Висла Плоцк оствари убедлива победа против Адемар Леон на домашен терен со 29:22.
Првото полувреме претежно се играше израмнето со менување на водството, Висла отвори со 2:0, но Адемар возврати и поведе со 3:5. Нерешено беше сè до завршницата на полувремето, од 11:11 полскиот состав направи серија од 4:0 за убава предност на полувреме од 15:11.
Овој период се покажа клучен за победникот на натпреварот, предноста од првиот дел Висла знаеше како да ја сочува и во продолжението. Во последната четвртина од натпреварот дури зголемија на највисоки осум разлика и победата беше обезбедена.
Со оваа победа Висла Плоцк ја продолжи доминацијата во групата А каде што се натпреварува и Металург. Полскиот претставник се зацврсти на водечката позиција со максимални седум победи од исто толку натпревари.
Сердио и Сита го водеа тимот на Висла до победа со по шест гола, а Михиќ постигна пет. Во екипата на Адемар најмногу се истакна Лучин со три погодоци.