Македонската репрезентативка Јована Саздовска, одигра солидна партија во дресот на Дунареа Браила во Лигата на Европа.
Дунареа на свој терен го совлада Кубан со резултат 36:32. На полувреме резултатот беше 17:12 за домашната екипа. Јована Саздовска на овој натпревар постигна два гола од три обиди.
Со победата над рускиот Кубан, екипата на Дунареа Браила се најде на второто место во Д групата од Лига на Европа и избори пласман во четвртфиналето.
Уште еден натпревар беше одигран од Д групата. Шиофок во неизвесен натпревар го совлада Флери Луар со 29:28. На полувреме резултатот беше нерешено, 13:13.
Руска Звезда Звенигород направи најголемо изненадување и успеа да го совлада тимот на Вац од Унгарија, 30:29. На полувреме поранешните шампионки на Русија имаа предност од 17:15. Русинките обезбедија важна победа и со триумфот над Вац имаат шанси за пласман во четвртфиналето.