Екипите на Динамо Букурешт и Татран Прешов одиграа неизвесен натпревар во Лигата на Европа, а средбата финишираше со резултат 32:30 во корист на тимот од Романија.
Првото полувреме започна со одлична игра на домашните ракометари. Предводени од Анте Кудуз и одличната одбрана стигнаа до високо водство од 10:5. Татран Прешов, сепак, со серија од неколку голови стигна во ситуација да го израмни резултатот. Во период со игра гол за гол, Динамо Букурешт стигна до позитива од еден разлика, на полувреме, 16:15.
Вториот дел започна со голови на двете страни. Отпорот на гостите од Словачка траеше до самиот крај. Од 48. минута па сè до 54. минута, ракометарите на Татран Прешов успеваа редовно да израмнуваат, но при самиот крај домашните ракометари беа посконцентрирани во нападот и заслужено стигнаа до победа.
Овој триумф донесе надеж за Динамо Букурешт дека ќе може да стигне до пласман во осминафиналето од Лигата на Европа, додека Татран кој има само два бода веќе ги загуби шансите и е пред елиминација.
Најефикасни во составот на Динамо Букурешт беа Валентин Мариан со осум и Анте Кудуз со седум погодоци. Во поразениот табор се истакна Педро Соуза со седум гола.
ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА Б
ТАБЕЛА