Ракометарите на Рајн Некар остануваат лидери во Групата Д од Лигата на Европа со убава предност во однос на Еурофарм Пелистер откако денеска дојдоа до уште една победа овој пат на свој терен против Тримо Требње со 31:28.
Рајн Некар беше во постојана предност против тимот од Словенија и во ниту еден момент немаше проблеми да ја зачува предноста иако гостите се доближуваа. Контролата беше постојана, па тоа овоможуваше да се биде во позитива од три до пет гола.
На одмор тимот на Рајн Некар замина со водство од 15:11, а овие четири гол беа сосема доволно во продолжение од натпреварот да се одигра смирено и да може постојано да се има водството. Гостите се обидуваа да се спротистават, но не можеа доволно добро да се снајдат на теренот и на тој начин секогаш беа во негатива поради која тешко доаѓаа до шанса за пресврт.
Енди Шмид денеска иако немаше многу голови одлично ги предводеше своите колеги и уште еднаш беше лидер на теренот во составот на Рајн Некар. Задачата на Рајн Некар беше олесната и од тренерот на гостите, Урош Зорман кој во моменти кога неговиот тим дојде до негатива од три гола, 25:28 заработи исклучување и тука веќе домашните само ја потврдија новата победа во Лигата на Европа и зацврстувањето на првото место во Групата Д.
ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА Д
ТАБЕЛА