ОФИЦИЈАЛНО: Хансен заминува од ПСЖ, се враќа во татковината! (ФОТО)

Еден од најдобрите ракометари во светот, Микел Хансен, следното лето, во 2022 година ќе си замине од ПСЖ.

Тој потпиша договор на три сезони со данскиот шампион Алборг и по десет години ќе се врати во татковината, а клубот ја официјализираше соработката.

33-годишниот Хансен во 2012 години од АГ Копенхаген се пресели со ПСЖ, но не му помогна на францускиот тим да стигне до европската круна.

Претходно беше дел и од Барселона, ГОГ Гудме со кој ја освои титулата во Данска во 2007 година.

За националниот тим досега постигна 1099 голови, но сепак има уште многу голема разлика со првиот на вечната листа, Ларс Кристијансен, кој има постигнато 1503 погодоци.