Десниот бек на Елверум, Симен Шонингсен, од следната сезона ќе го носи дресот на бундеслигашот Бергишер.
Шонингсен, кој лани беше предмет на интерес на Загреб и на Вардар, по само една година заминува од норвешкиот шампион.
Tој оваа сезона во Лигата на шампионите постигна 14 голови, а 25-годишниот десен бек се враќа во Бундес лигата каде претходно играше за Балинген.
Покрај за овој тим, Шонингсен беше дел од норвешкиот Хаслум со кој играше во европските купови, а имаше настапи и за данскиот Рибе Есбјерг.