ЦСКА Москва го осигура местото во осминафиналето на Лигата на Европа

Рускиот тим ЦСКА Моксва го осигура местото во осминафиналето на Лигата на Европа, откако вечерва по вторпат го совлада шведскиот тим Алингсас.

Избраниците на Велимир Петковиќ за разлика од вчера кога славеа убедливо, вечерва мораа добро да се испотат за победата.

Иако шведскиот тим водеше со 0-4, па 1-5, сепак до крајот на полувремето домашните се вратија во егал, 14-14.

Во вториот дел најчесто се играше гол за гол, а на пет минути до крајот беше 25-25. Сепак Јанима и Сорока ги решија сите дилеми и победата остана за ЦСКА Моксва.

Најдобри стрелци во тимот на Петковиќ беа токму Јанима со седум и Сорока со шест голови, додека кај Алингсас се истакна Линдберг со шест погодоци.