Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва ќе го одиграат осмиот натпревар од Лигата на Европа.
Ривал на битолчани ќе им биде данскиот ГОГ Гудме, кој славеше на првата пресметка минимално, иако и нашиот тим можеше да освои бодови.
Тренерот Жељко Бабиќ на овој дуел нема да смета на повредените Маџовски, Велковски и Кушан, додека Мандалиниќ, кој е во составот се жали на повреда. Во ростерот на гостите ќе бидат Олсен, Гидсел и Јакобсен, кои ја освоија светската титула со Данска во Египет.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме се игра вечерва со почеток во 20:45 часот во „Боро Чурлевски“.