Матиќ: Гостуваме на квалитетен тим, но подготвени сме 100% за Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер и Татабања двата меѓусебни натпревари во рамки на Лигата на Европа ќе ги одиграат во салата Боро Чурлевски во Битола во среда и четврток со почеток од 17 часот.

Тренерот на унгарскиот претставник, Владан Матиќ во пресрет на овој дуел говореше за шансите на својот тим. И покрај тоа што имаат големи проблеми Татабања двата натпревари ќе ги одиграат на гостински терен.

„Со овој противник се сретнавме уште пред две години во ЕХФ купот, но од тогаш двата клуба од градот станаа едно и многу напреднаа. Засилени со квалитетни странски играчи за Еурофарм Пелистер можам да кажам дека гостуваме на квалитетен европски бренд. Нè очекуваат два тешки натправари, заради густиот распоред немаме можност да се подготвуваме со интензивни тренинзи, но се обидуваме да бидеме спремни најдобро што можеме за нашите ривали. Покрај нашите проблеми сакаме да оствариме добри резултати. Коронавирусот го оставивме позади нас и чувствувам дека тимот е подготвен сто проценти за овие дуели“, рече Владан Матиќ.

Татабања сезонава се соочува со многу проблеми и игра слабо, а овие два натпревари во Битола ќе бидат убава шанса за Еурофарм Пелистер со две победи да ја подобрат ситуацијата на табелата.