Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од Лигата на Европа следната недела.
Македонскиот претставник Еурофарм Пелистер ќе игра двомеч со унгарската Татабања во Битола на 10 и 11 февруари.
На овие два натпревари правдата ќе ја делат турскиот арбитри Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз, додека делегат ќе биде Камер Металари.
Двете средби меѓу македонскиот и унгарскиот тим ќе се одиграат во салата „Боро Чурлевски“ во среда и четврток со почеток во 17:00 часот.