Костески одигра за „петка“ против Фиверс, прогласен е за играч на натпреварот

Тимот на Линц, каде што настапува десното крило Никола Костески, загуби на гостувањето кај Фиверс со 31:27.

Во текот на целиот натпревар домашните ракометари имаа контрола на резултатот. На полувреме предноста на Фиверс беше два гола, 13:11.

Одлична партија на теренот имаше македонскиот интернационалец Костески. Стружанецот со пет погодоци беше најдобар стрелец за Линц и беше прогласен за играч на натпреварот.

Поразот од Фиверс за екипата на Костески беше десетти во оваа сезона, а Линц се наоѓа на 9. позиција со само пет освоени бодови.