Кристијансанд гради силен тим, после Нора Морк ја донесе и Изабел Гулден

Една од легендите на женскиот ракомет, Изабел Гулден, од следната сезона ќе настапува за шампионот на Норвешка, Вајперс Кристијансанд.

Иако Гулден имаше неколку понуди од клубови од Романија, сепак, се реши да биде поблизу до својата татковина. Во моментов е член на шампионот на Франција, Брест Бретањ, клуб кој ќе има помал буџет во новата сезона.

Искусната ракометарка од Шведска со Вајперс Кристијансанд потпиша двегодишен договор. Заедно со Нора Морк ќе бидат главните ракометарки на надворешните позиции во новата сезона.

Изабел Гулден на последното Европско првенство ја заврши својата кариера во репрезентативниот дрес. Во 2016 година со ЧСМ Букурешт ја освои и Лигата на шампионите. Последните сезони беше посакувана во голем број моќни клубови.