Претседателот на Здружението на ракометните тренери на Македонија, Гино Стрезовски даде предлог во однос на странците, а се работи за радикален рез кој не наиде на одобрување.
„Доколку сакаме репрезентацијата да биде силна тогаш мораме не само да го смалиме бројот на странците туку во иднина да има нула странци во домашното првенство. Мораме да размислиме на ова бидејќи само така ќе може нашите помлади ракометари да имаат напредок. Јас зборувам исклучиво за домашна сцена. Во европските купови и во СЕХА можат да имаат странци колку сакаат, но во нашето првенство треба да нема странци и да има повеќе минутажа за домашните ракометари“, рече Стрезовски.
На ова имаше брз одговор од претседателот на РФМ, Живко Мукаетов кој потенцираше дека еднаш веќе е направено намалување на бројот на странците, но рече и дека за ова ќе мора да се направи добра анализа.
Имаше реакција и од одредени клубови дека ова нема да биде така добро за лигата бидејќи и странците, но квалитетни се потребни за напредувањето и на младите ракометари.
Едногласна поддршка: Живко Мукаетов уште четири години на чело на РФМ
За системот на натпреварување во Суперлига – дополнително ќе се одлучува
Ќе има признанија за најдобрите: Првиот предлог е за Кирил Лазаров и судиите Начевски-Николов
Мукаетов: Ракометот е единствен спорт каде се одиграа сите натпревари во сениорските лиги
Легендарните репрезентивци се собраа повторно на Собранието на РФМ (ФОТО)