За системот на натпреварување во Суперлига – дополнително ќе се одлучува

Покрај изборот за претседател, една од поинтересните точки беше и барањето на дел од суперлигашите за следната сезона да остане истиот систем од оваа година.

Сепак за таа одлука ќе мора да се почека уште некое време, бидејќи претседателот Мукаетов најави дека за тоа ќе одлучи УО до 15 март.

„Ние имаме донесено систем за натпреварување. Но бидејќи е Ковид сезона и многу работи се нестандардни. оставаме до 15 март да се донесе предлог за системот и УО да го прифати или одбие. Доколку нема прифатлив предлог, останува изгласаниот систем“, изјави Мукаетов.

Според претходно изгласаниот систем, треба да испаднат шест екипи оваа сезона од Суперлигата, а Вардар и Еурофарм Пелистер да се вратат во македонското друштво уште во регуларниот дел.

„Она што се случи во Каиро беше болно за гледање“

РФМ ја заврши во „плус“ 2020 година

Едногласна поддршка: Живко Мукаетов уште четири години на чело на РФМ

Ќе има признанија за најдобрите: Првиот предлог е за Кирил Лазаров и судиите Начевски-Николов

Екс-репрезентативката Бајрамоска, нов член на УО на РФМ

Гино Стрезовски со предлог: За посилна репрезентација – не ни требаат странци во Суперлига!

Мукаетов: Ракометот е единствен спорт каде се одиграа сите натпревари во сениорските лиги

Легендарните репрезентивци се собраа повторно на Собранието на РФМ (ФОТО)