Ќе има признанија за најдобрите: Првиот предлог е за Кирил Лазаров и судиите Начевски-Николов

Ракометарите и ракометните работници во иднина би можле да добиваат признанија за сето она што го прават за спортот и за ракометот. Денеска на Собранието на РФМ беше даден предлог како да се наградат капитенот на Македонија, Лазаров и судиите Начевски-Николов кои секоја година се дел од големите натпреварувања.

„Се гордееме со нивните постигнувања и резултати, но би било убаво да им се даде признание за она што го направиле и што го прават за Македонија. Сметам дека треба да им се даде признание на Кирил Лазаров и на судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов“, рече претседателката на Металург.

На ова следуваше веднаш одговор од страна на Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

„Ова е убав предлог. Сепак, за да го направиме тоа треба треба да најдеме форма. Мораме ова да го издигнеме на едно повисоко ниво. Ќе треба да се достави предлог до Управниот одбор и на следната седница да најдеме модул за реализација. Инаку, идејата е секако одлична“, коментираше Мукаетов.

Ваквиот предлог наиде на одобрување и од сите делегати кои едногласно ја дадоа поддршката.

„Она што се случи во Каиро беше болно за гледање“

Едногласна поддршка: Живко Мукаетов уште четири години на чело на РФМ

За системот на натпреварување во Суперлига – дополнително ќе се одлучува

РФМ ја заврши во „плус“ 2020 година

Екс-репрезентативката Бајрамоска, нов член на УО на РФМ

Гино Стрезовски со предлог: За посилна репрезентација – не ни требаат странци во Суперлига!

Мукаетов: Ракометот е единствен спорт каде се одиграа сите натпревари во сениорските лиги

Легендарните репрезентивци се собраа повторно на Собранието на РФМ (ФОТО)