Моника Јанеска одигра одлично, Коњалти стигна до триумф

Македонската интернационалка, Моника Јанеска продолжува со одличните настапи во Турција и моментално со својот тим, Коњалти е на добар пат да обезбеди опстанок во Супер лигата на Турција и подобар пласман на табелата.

Во натпревар од 10-то коло од Супер лигата, Јанеска и нејзините колешки беа убедливи против младиот тим на Анадолу Универзитет од Ескишехир со резултат 26:19.

Јанеска одигра солиден натпревар и беше стрелец на четири погодоци. Следен предизвик на Коњалти е против  еден од фаворитите за освојување на Турската лига, Муратпаша.

Коњалти моментално има шест порази и четири победи.