Тешка полусезона е зад Вардар, кој одигра само пет меча за четири месеци, а во февруари следи пекол и набиен распоред, во кој само во ЛШ ќе одиграат седум натпревари.
„Да не ве лажам ни вас ни себе си, тешко е да очекуваш нешто добро кога во просек играш еден натпревар во еден месец, тешко е да се одржи формата. Вистинско мачење, трипати бевме во топ форма и трипати излеговме од форма. Одигравме само пет натпревари на кои реално немавме голем кикс, кога зборуваме за планирани бодови. Можеби само оној што неочекувано го загубивме во Брест. Не е срамота да се загуби од Келце, кој има и буџет и ростер, а и по играта е еден од кандидатите за Ф4. Победивме еден одличен Флензбург кој тогаш беше на прво место во групата и лидер во Бундеслигата. Малку среќа ни недостасуваше да земеме два бода со Порто во Скопје, кога Борко имаше перфектен меч. Сега ќе дојдат натпреварите во кои треба да собираме бодови и се надевам дека ќе ги донесеме дома. Нè чека тежок февруари и мора паметно да ги распределиме силите. Треба да бидеме реални во нашите очекувања против кого и каде можеме да освоиме бодови. Не велам дека треба да одиме со бело знаме на некој натпревар, но треба паметно да играме и да знаеме каде да играме со полна сила и каде ќе се трошиме комплетно, а каде со комбиниран состав. Малку е неочекувана позицијата на која се наоѓаме сега на табелата, не сум навикнат на тоа (се смее), но не треба да ги гледаме само бодовите, туку и во одиграни, односно неодиграни натпревари. Ако направиме споредба во тоа и не сме толку лоши, потребно ни е само да одиграме добро во продолжението. Се надевам дека ќе бидеме добри, ќе не избегнат повредите затоа што во моменталниот ростер секој играч е важен за тимот”, вели Тимур Дибиров.
Во продолжение може да го прочитате целосното интервју со Дибиров…
ИНТЕРВЈУ ТИМУР ДИБИРОВ: Вардар е љубов, ако сè е во ред останувам во Скопје