Македонска колонија во Грција – Андреа Белеска потпиша за ПАОК

Репрезентативката на Македонија, Андреа Белеска во продолжението од сезоната ќе настапува за грчкиот шампион ПАОК од Солун. Белеска пред неколку денови пристигна во Солун, а раководството на клубот беше задоволен од нејзините квалитети.

Десниот бек имаше солидни партии во шведскиот клуб Боден, но се одлучи да направи промена и да потпише за клуб со поголеми амбиции за следната сезона. Договорот на Белеска со ПАОК е со важност до крајот на следната сезона.

Белеска ја започна кариерата во Кале Кичево. Освен за кичевскиот тим во Македонија настапуваше и за Металург, а на интернационално ниво беше дел од Валчеа и Анкара Јенимале.

Моментално во екипата на ПАОК настапуваат репрезентативките на Македонија, Марија Николиќ и Дајана Јовановска, а грчкиот тим претстојниот викенд ќе има двомеч од осминафиналето на ЕХФ Купот против хрватскиот тим Бјеловар.