Нов шок за Франција – Србија освои бод во Кретеј, кој е рамен на победа

Репрезентативците на Србија одиграа уште еден одличен натпревар против Франција и од гостувањето си заминуваат со нерешени 26:26. Триколорите можеа да дојдат и до победа, но работите можеа да бидат и поинакви па Србите да си заминат со двата бода. Сепак, ремито е најреалниот резултат на овој дуел.

Од почетокот на средбата се виде дека во Србија има големи промени во однос на пристапот на играта и во стилот така што тоа се гледаше и по резултатот на теренот.

Србите поведоа уште од почеток и постојано беа во предност. Французите многу тешко се снаоѓаа и тешко доаѓаа до простор за реализација. Дури и кога ќе најдоа место за шут многу често ударите завршуваа со одбрана на Цупара кој бранеше во одлична форма.

Ова беше искористено на теренот и на крајот од првиот дел предноста беше три гола. Србија имаше 15:12 на паузата.

Вториот дел донесе за момент нешто подобра игра од домашните. Влегоа во нешто подобар ритам. Очигледно неиграњето на Никола Карабатиќ влијаеше на тимот, а и промената на селекторската позиција има исто така реакција.

Сепак, беше пронајдена игра за да може да се одигра добро на овој дуел и да се задржат шансите за успех. Ракометарите на Франција се вратија, но не успеаја да направат целосен пресврт. Со мудра игра и добра стратегија стигнаа до позитивен епилог.

Во последната минута се влезе со нерешени 26:26, но Србите не искористија напад за победа. место тоа и оставија време на Франција за да зададе удар. Сепак, и триколорите не беа на потребното ниво, па и на тој начин влегоа во последните 20 секунди со можност за два бода.

И во таа комбинација не успеаја бидејќи Цупара одново беше пречка за нив и ја одбрани Србија која освои голем бод кој и ги отвара патиштата за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Мијајло Марсениќ со осум гола и Петар Ѓорѓиќ со шест беа најефикасните во редовите на Србија, додека Фабрегас со пет и Н’Гесан со четири ги предводеа Французите. Цупара имаше 12 интервенции, а Милосављев една откако одбрани седмерец во клучните моменти од средбата.