Денес во Русија се играат четвртфиналните натпревари од женскиот Куп, а првиот натпревар донесе изненадување. Тимот на ЦСКА Москва, каде што игра Сара Ристовска, беше немоќен против младата екипа на Астраханочка и загуби со 24-22, а и на полувреме имаше негатива од два гола, 9-7.
Домашните ракометарки предводени од Хрватката Ана Дебелиќ, која одигра одлично и во напад и одбрана, и расположената Екатарина Зеленкова со шест гола, беа клучни фигури во Астраханочка.
Астраханочка во поголемиот дел од натпреварот имаше позитива од еден гол и успеа предноста да ја сочува до крај. Нашата репрезентативка Ристовска постигна еден гол за екипата на ЦСКА Москва.
По овој пораз и елиминацијата, ЦСКА Москва ја очекува натпревар во рамките од Лигата на шампионите на 9 јануари против Брест Бретањ, додека Астраханочка исто така ќе игра во Лигата на Европа.