Иако е ветеранка, не се откажува – Енглерт има уште мотивација и е „гладна“ за титули

Една од најдобрите голманки на репрезентацијата на Германија во последните 15 години, Сабина Енглерт и понатаму е активна на терените.

Таа продолжува со игрите на клупски план и брани во одлична форма во една од најсилните лиги во светот иако има 39 години.

Енглерт во моментов го чува голот на тимот на Икаст, а тоа е клуб кој важи за фаворит за титулата покрај Есбјерг и Оденсе во Данска. Икаст покрај Енглерт ја има и репрезентативката на Шведска, Џесика Руде на голот.

Овој голмански тандем е причина за одличните резултати на екипата на Икаст. За медиумите во Дaнска, Енглерт, вели:

„Сè уште сум мотивирана и ‘гладна’ да освојувам уште повеќе титули. На денот кога ќе се случи да немам ниту амбиција но и волја, тоа ќе биде знак да застанам. Сега не се пронаоѓам таму и верувам дека уште можам да придонесам за клубот”, изјавува Енглерт.

Искусната голманка од 2009 година е во Икаст, а поради семејни причини имаше и неколку паузи од ракометот.