Нов малер за Германија, остана без трет пикер: И Колбахер го пропушта Мундијалот во Египет

Машката ракометна репрезентација на Германија ќе има додатни проблеми на Светското првенство во Египет. Најновата вест е дека кружниот напаѓач на Рајн Некар Левен, Јаник Колбахер, нема да игра во Египет.

Искусниот пивот заработи повреда на последниот натпревар од Бундеслигата против Кил и беше утврдено дека мора да паузира поради повредата на лактот.

За Германија на престојното Светско првенство поради повреди и ковид пандемијата нема да настапат Фабијан Виде, Хенрик Пекелер, Стефан Вајнхолд, Тим Сутон и Патрик Винцек.

Германија е во групата А заедно со Унгарија, Уругвај и Капе Верде, па и без отсутните ракометари не би требало да им проблеми да обезбеди место во главната рунда