Започнаа подготвителните натпревари на репрезентациите кои ќе учествуваат на Мундијалот во Египет.
Репрезентациите на Русија и Катар обезбедија победи против Алжир, односно Аргентина додека Шпанија и Тунис одиграа без победник.
На дуелот помеѓу Катар и Аргентина двете екипи добија по едно полувреме но Катар славеше 24:22. По првиот дел Катар водеше 14:8. Во вториот дел Аргентина одигра подобро но само го ублажи поразот.
Русија немаше поголеми проблеми и го совлада Алжир со 30:24. Најдобри стрелци во руската репрезентација беа Игор Сорока и Сергеј Марк Косоротов со по пет голови.
Шпанија и Тунис одиграа максимално израмнет дуел кој заврши нерешено 30:30. Така беше и по првиот дел 14:14.
ПРИЈАТЕЛСКИ СРЕДБИ, РЕЗУЛТАТИ:
РУСИЈА – АЛЖИР 30:24 (14:7)
ТУНИС – ШПАНИЈА 30:30 (14:14)
КАТАР – АРГЕНТИНА 24:22 (14:8)