По освојувањето на европската круна во 2002 година на Кометал Ѓорче Петров според тренерот Владимир Радиќ пораснале апетитите на играчите, а и почнало да се чувствува дека тоа е почетокот на крајот на убавата приказна.
Почетокот на крајот е всушност финалето против данскиот Шлагелсе во 2004 година. После тоа македонскиот тим почна да се распаѓа.
„По 2002 година некако сè се смени. Им пораснаа апетитите на играчите, сакаа да заминат во други клубови, да заработат повеќе пари, мислеа дека ако заминат во друг клуб ќе добијат поголемо внимание. Таму всушност ги гледаа како ‘потрошена роба’, не беа тие домаќини како нас, ние тука ги гледавме како свои деца, како членови на семејството. Почетокот на крајот на Кометал каков што го знаеме е финалето со Шлагелсе. Тоа требаше да биде втора шампионска титула, но Петковиќ не ме послуша кога му велев дека ќе мора да внимаваме на Радуловиќ, која тогаш играше за нив. Таа играше крило, но знаеше да биде многу корисна и на центар, и токму од таа позиција ни даде три клучни гола и ние го загубивме финалето. Потоа почна да се распаѓа клубот. Интересот и на Трифун полека премина кон фудбалот, заедно со син му почнаа да вложуваат во ФК Работнички, а потоа во Вардар и така секнаа финансиите за ракометот.“
Комплетното интервју со Радиќ е во продолжение…
ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР РАДИЌ: Кометал Ѓорче Петров стана шампион на Европа со два комплета дресови!