Радиќ: Проектот ЦЕМС е трагедија

По распадот на Кометал Ѓ.П. Владимир Радиќ останува во клубот за да работи на создавање на млади играчи.

Не успева да задржи една генерација, ниту да креира екипа. Во тој период и низ тој процес минува мал дел во Академијата на Вардар, а потоа и во проектот ЦЕМС.

„По Кометал почнав да работам она што го знам – создавање нови играчи. Не успевам да задржам генерација цела како екипа, затоа што нема финансии и сретства. Со мали спонзорства и со самофинансирање опстојуваме сезонава во Суперлигата, во тим во кој играат пионерки. Пред оваа екипа имав две соработки. Едната со Академијата на Вардар и другата со ЦЕМС. Што се однесува до ЦЕМС, тоа е трагедија. Бојан Захариев сакаше да направи нешто што нема врска со спортот.  Најавуваше голем проект од кој на крајот немаше ништо, а притоа ми ја зеде цела екипа, која пропадна по само една година. Не очекував такво нешто од Бојан, кој е мој ученик, мое дете, но излезе голем лажго.“

Подолу прочитајте го целото интервју со Владимир Радиќ…

ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР РАДИЌ: Кометал Ѓорче Петров стана шампион на Европа со два комплета дресови!