Кастамону добива скандинавски шмек – по Куртовиќ, доаѓа и Ериксон

Швеѓанката Јулиjа Ериксон, кариерата ќе ја продолжи во дресот на турскиот шампион Кастамону, пишува „Хентболхаберлер“.

Ериксон имаше одлични настапи во Лигата на шампионите пред неколку сезони во дресот на Савехоф. Освен во Шведска левиот бек играше и во данското првенство за Виборг, а во Кастамону пристигнува од шведскиот клуб, Луги.

Тренерот на Кастамону, Хеле Томсен, носи засилувања од скандинавија во обид тимот да биде конкурентен во Лигата на Европа. Претходно беше најавено дека и норвешката репрезентативка Аманда Куртовиќ од Ѓер доаѓа на позајмица во Кастамону.

Амбициите на клубот се освојување на шампионската титула во Турција, како и добар резултат на европска сцена.