Шутерско шоу на Јанеска против Јенимале

Тимот на Коњалти, каде игра македонската интернационалка Моника Јанеска, загуби на гостувањето кај Јенимале, во натпревар од 7. коло во турскиот шампионат.

Натпреварот заврши со победа на Јенимале, 32:25, иако домаќинките по првиот дел водеа само со еден гол разлика.

По одличното прво полувреме, ракометарките на Коњалти немаа сили да му парираат на незгодниот и водечки тим на Јенимале. Свое шутерско шоу имаше Јанеска, која постигна девет погодоци и беше најефикасна во нејзиниот тим.

Коњалти останува на 9. позиција со 4 освоени поени, а во следното коло игра против тимот на Сивас.

Добрите партии на Јанеска низ Турција треба да го радуваат селекторот на женската репрезентација на Македонија, Симе Симовски, кој треба да ја состави екипата за настап на Европскиот шампионат во 2022 година каде домаќини освен Македонија се и Црна Гора и Словенија.