Мичијевиќ: Поздрав до сите Данци, ве љубат кралиците на шокот!

Хрватска ја совлада Данска со 25-19 и успеа да го освои бронзениот медал на Европското првенство.

Иако беа критикувани за нивната игра во текот на целото првенство, пред мечот за третото место, Хрватките беа „прозивани“ и од данскиот селектор Јеспер Јенсен. Тој најави дека Хрватките имаат само 1% шанса да слават денеска во дуелот за бронзата, но неговите избранички беа тие што плачеа на крајот.

Ќамила Мичијевиќ, една од најдобрите хрватски репрезентативки му одговори на Јенсен и на данските медиуми.

„Не знам што да кажам. Веројатно сонуваме. Можете се, ама не можете да не победите пред да започне натпреварот со нас. Ги поздравуваме сите Данци кои на својата репрезентација и дадоа 100% шанси за победа против нас. Ве љубат вас кралиците на шокот“, изјави Мичијевиќ.

Нов голем ден за Хрватките, ја замолкнаа Данска и се враќаат дома со бронза

Да се поклониме пред Хрватска: Бајката во Данска обоена со бронза! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Додека домаќинките плачеа, ечеше песна од хрватската соблекувална (ВИДЕО)

Шоштариќ лут: Тој „експерт“ кажа дека имаме 1% шанса за победа и сега најде да зборува за нашите девојки!

Скандалозна изјава на данскиот селектор: Ова беше смешно, како да игравме на Балканот пред 20 години!

„Нема екипа која е полуда од нас“