„Нема екипа која е полуда од нас“

Неизмерна беше радоста на ракометарките на Хрватска после победата над Данска од 25:19 во борбата за бронзениот медал.

После натперварот ракометарката која имаше забележителен настап во натпреварот, Катарина Јежиќ видно еуфорично и емотивно ги сподели впечатоците од натпреварот и настапот.

„Знам дека ние го заслуживме ова и нема екипа која е полуда од нас. Пред натпреварот сите верувавме дека можеме, им го покажавме тоа на сите. Имаме големо срце и сме многу горди. Им благодарам на сите кои не поддржуваа од почетокот и ве сакаме сите“, беше коментарот на Јежиќ по натправарот.

Хрватска беше апсолутно изненадување на оваа првенство, од првиот натпревар па се до последниот и освојувањето на бронзениот медал.

Нов голем ден за Хрватките, ја замолкнаа Данска и се враќаат дома со бронза

Да се поклониме пред Хрватска: Бајката во Данска обоена со бронза! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Додека домаќинките плачеа, ечеше песна од хрватската соблекувална (ВИДЕО)

Мичијевиќ: Поздрав до сите Данци, ве љубат кралиците на шокот!

Шоштариќ лут: Тој „експерт“ кажа дека имаме 1% шанса за победа и сега најде да зборува за нашите девојки!

Скандалозна изјава на данскиот селектор: Ова беше смешно, како да игравме на Балканот пред 20 години!