Да се поклониме пред Хрватска: Бајката во Данска обоена со бронза! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Хрватска е бронзена на ЕП2020!

Хрватската бајка на Европското првенство за жени во Данска 2020 заврши со бронза. Во натпреварот за третото место Хрватска беше поуспешна од домаќинот Данска со 25-19 и заслужено се најде на подиумот во Хернинг.

Најубавата бајка на Европското првенство за жени во Данска им донесе бронза на хрватските ракометарки. Избраниците на Шоштариќ од првиот ден шокираа со својата игра, пожртвувана одбрана, тимски дух и френетична поддршка од клупата. Со само 5 професионални ракометарки во тимот, коцкестите и покажаа на Европа дека тимот е поважен од квалитетот. Настапот на хрватските репрезентативки ќе се раскажува уште долго. Светот ги доби новите ракометни ѕвезди Мичијевиќ, Дембелиќ, Пијевиќ... а Хрватска бронзените од ЕП2020!